Почитувани,
Ве известуваме дека Agile Macedonia, во рамките на својата мисија да ја шири агилната култура во Македонија, ќе организира работилница за запознавање со Scrum на забавен начин преку Lego концептот на 1 Септември (петок) од 14.00 часот во Нетавил.
Scrum не е само метод или рамка, тоа е агилна култура на континуирано подобрување која ќе ви помогне успешно да управувате со комплексни проекти, а при тоа луѓето да бидат мотивирани и ангажирани.
Цели на работилницата
- Да научиме како подобро да ги водиме своите тимови со помош на Scrum
- Да ги откриеме вредностите, принципите, улогите и артефактите на Scrum
- Да научиме како ефикасно да ги водиме настаните на Scrum
На овој тренинг ќе бидат опфатени следните модули:
- Основи на Scrum, вредности, емперицизам
- Одговорности и вештини на: Scrum team, Scrum master, Product owner, Developers
- Настани во Scrum: Sprint, Sprint planning, Daily standup, Sprint review, Retrospective
- Scrum артефакти: Product backlog, Sprint backlog, Increment
- Scrum заложби: Product goal, Sprint goal, Definition of done
- Надминување на предизвиците и грешките во Scrum (Scrum anti-patterns)
Пристап и информации
Тренингот е крајно интерактивен и динамичен и бара ангажман од сите учесници. Се базира на моделот на искуствено учење со помош на LEGO, при што на реална студија на случај, улесниците преку практични вежби, симулации и игри ќе научат како Scrum функционира.
Секој учесник на тренингот ќе добие прирачник, повеќе е-книги за Скрам, сертификат за учество на тренингот и личен профил за обуки и беџ кој може да се сподели на Линкедин.
Овој тренинг е наменет за сите луѓе кои сакаат да направат лична промена и да научат што е тоа агилно лидерство, агилен развој на продукти и основите на Скрам методот.
Тренингот е на базично ниво, како вовед во агилност и Скрам. Особено е корисен за менаџери и лидери од сите нивоа, проектни менаџери и сите други желни да учат нови методологии.
Тренингот ќе го испорача Илија Попјанев, агилен коуч и Скрам тренер.
За пријава пополнете го формуларот и ќе добиете попрецизни инструкции.
Котизацијата се плаќа на во готово на лице место или на фактура претходно.
Котизацијата изнесува 2000 денари за членови на Agile Macedonia и студенти.
Редовната цена е 4000 денари.
Бројот на места е лимитиран на 24, работиме по принципот прв пријавен, прв услужен.
За повеќе инфо слободно контактирајте ме на 070 206 383 или на меилот info@agile.mk
Останете во добро здравје и расположение.
Поздрав, Илија Попјанев