Светот денес се соочува со најголемите и најдинамични промени во последните неколку декади.
Веќе ништо не е исто како порано. Компаниите се соочуваат со бројни предизвици предизвикани од Covid-19, работата од далечина, недостатокот на таленти, економската криза... и многу други релевантни фактори.
Но сепак, и покрај бројните предизвици, постојат компании кои паметно го користат моментумот и со креативни одлуки успеваат да ги мотиварат своите вработени, да ги задржат, да ја подобрат продуктивноста, перформансите, иновациите...

Ве покануваме на ова последно Lean coffee за оваа бурна година, да го поминеме со експерти од областа на маркетинг и човечки ресурси, и заедно да дискутираме на темата: Employer branding - вистина или мит?
Гостите ќе ни раскажат што направиле нивните компании, за да се најдат на врвот на листата на најпосакувани работодавачи, што во моментот вработените ги привлекува, а што ги нервира?
Management 3.0 како организатор на овој настан ќе ја додели бесплатно книгата: Employer brand management од Richard Mosley и алатката Moving Motivators.
Секој регистриран учесник ќе добие и диплома - благодарница за учеството и 10% попуст за посета на било која М3.0 работилница.
Пополнете ја формата и на меил ќе ви пристигне линкот за настанот.
Се гледаме на 22 Декември од 14.00 часот на Zoom,
Поздрав, Илија