Management 3.0 Event by Ilija Popjanev

Agility in HR

This is past event!

This event has concluded. You might be interested in these upcoming events by Ilija:

14th - 17th of May 2024 - Foundation Workshop
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
20th - 23rd of May 2024 - Agility in HR (Online)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Tuesday 21st of May 2024 - Thinking out of the box (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Thursday 23rd of May 2024 - Building resilient minds (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Tuesday 28th of May 2024 - Psychological Safety Essentials (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Thursday 30th of May 2024 - Feedback is a gift (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Tuesday 4th of June 2024 - Collaborative Communication (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Thursday 6th of June 2024 - Instilling Wellbeing (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Tuesday 11th of June 2024 - Navigating Conflicts (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info
Thursday 13th of June 2024 - Measure what matters (leadership Builder Program)
Online Workshop Timezone:
Europe / Berlin
More info

Агилен HR (Agility in HR)  

Start: 1st of June 2023 • 09:00
End: 2nd of June 2023 • 17:00
Timezone: Europe / Skopje
Sold Out!

Skopje, Macedonia

Spoken language:
Macedonian

Materials language: English

Hours Total / Per Day:
16 / 4

Description

Сигурно се прашувате зошто HR треба да се менува и да ги води организациските промени?

Повеќе немаме време за чекање. Светот минува низ динамични промени и постоечките системи на менаџирање не функционираат. Но сепак, компаниската сила е во HR. Клучните промени ќе дојдат со креирање на нов договор базиран на психолошка сигурност за вработените, кој потоа ќе ја зголеми лојалноста, ангажираноста и секако ќе влијае на промена на мајдсетот и корпоративната култура.

Ајде заеднички да ја започнеме трансформацијата на HR, да изградиме нов систем, во кој вработените ќе бидат среќни, ангажирани и почитувани.

Agile HR е заедница на повеќе од 50.000 HR професионалци, кои го дале својот придонес за развој на HR струката, а со вашето активно учество и креативност, ќе ја редефинираме улогата на HR на нашите простори и ќе креирамe подобри организации.

Како може HR да помогне во градењето на адаптибилни организации?

Најпрвин треба да ги откриеме лимитите и недостатоците во нашите организации, а потоа со помош на агилната методологија, да креираме нови динамични структури кои ќе можат да се справат со сите VUCA предизвици, кои ќе ја подобрат тимската работа и комуникацијата, што ќе биде бенефит и вредност за сите засегнати страни во процесот.

Дали чивствувате дека постоечкиот HR модел веќе не може да се справува со предизвиците на новата – VUCA нормала??

  • Развој и колапс на индустриите и производството
  • Силен импакт на далечинското работење
  • Недостаток на работна сила и одлив на талентите
  • Рапиден развој на технологијата и софтверот
  • Нови лидерски стилови и организациско однесување
  • Развој на виртуелна корпоративна култура
  • Раст на фриленсерите и outsource партнери
  • Појава на нови бизнис модели и концепти
  • Дигитализација на HR процесите
  • Во оптек се 5 генерации на работна сила
  • Влијанија од воени конфликти и пандемии


Но не е се така црно... Веќе се гледа светло во тунелот :)

Ви го претставуваме новиот интернационално акредитиран од ICAgile тренинг за развој на HR професионалци, во хибридна испорака, два дена во живо и континуирана работа на платформа за е-учење, на македонски јазик, единствена од ваков вид и на толку напредно ниво на овие простори.

Програмата е дизајнирана според Management 3.0, најприфатениот модел на современо агилно лидерство, каде вработените се во фокус, а само-менаџирачките тимови и адаптибилните алатки прават организациите успешно да се справуваат со предизвиците на новото време.

Програмата е богата, современа и ги опфаќа сите аспекти на работењето на HR и ги зајакнува со нови алатки и техники за градење адаптибилни организации.

Клучните модули: стратешки HR, кариерно искуство, развојни организации и култура и лидерство, ги содржат во себе сите сфери на функционирање на HR, но овој пат од перспектива на современа организација која го започнува својот пат кон агилна промена.

Академијата стартува со првиот модул - Стратешки HR, во кој се запознаваме со пост-Ковид предизвиците со кои се соочуваат компаниите и улогата на HR на амбасадор на промени. Иднината на работењето според најголемите светски организации е во моделот на хибридно работење, кој ќе го опфатиме со сите негови предности и мани.

Ќе научиме како функционираат агилните организации и како да креираме нови организациски структури по пат на зајакнување на тимовите и делегирање поголеми одговорности, за да можат автономно да се справуваат со предизвиците на работата.

HR бизнис моделот на Улрих претрпе значајни промени во пост - Ковид периодот и со новиот модел ќе се запознаеме и ќе ги научиме неговите предности. И секако, според Улрих, агилноста и комплексното размислување како клучни компетенции на новиот HR, детално ќе ги обработиме со многу практични примери и алатки за примена на работното место.

Вториот модул - Кариерно искуство, ги опфаќа сите елементи на секојдневното работење на HR професионалците, но сега од перспективата на агилниот HR. Па така, стандардното регрутирање, овде го нарекуваме искуство на вработените, процес кој покрај регрутацијата, опфаќа вкупно 8 фази, како онбординг и целокупниот престој на вработениот во компанијата, примена на алатки за негова мотивација, ангажирање, среќа, градење психолошка сигурност, но и брендирањето на компаниите во вистински "магнети" за привлекување нови луѓе.

Ќе го опфатиме целокупното искуство низа кое поминува вработениот од првиот контакт со компанијата, до неговото заминување од истата, и со сите алатки и практики со кои располагаме, ќе креираме незаборавно искуство за вработените, за време на нивниот престој во компанијата.

Третиот модул - Развојни организации, ќе не воведе во клучната HR улога, а тоа е да градиме организации кои постојано учат, се усовршуваат и развиваат. Ќе научиме како да изградиме систем во кој луѓето ќе ги развиваат своите компетенции согласно моменталните потреби и ќе креираат развоен мајндсет, на постојано учење и усовршување. Ќе откриеме како да се редизајнираат постоечките системи на перформанс менаџмент со примена на нови техники, како што е ОКР моделот, кои помагаат во градењето на развојни организации.

Ќе се запознаеме со најважните HR метрики за подобрување на работењето и нивна анализа, планирање и имплементација на промените на брз, агилен начин.

Ќе се запознаеме и со современи алатки за размена на фидбек, фасилитација, коучинг и спроведување менторирање, повторно со цел градење на развојни организации.

И за сето тоа успешно да го спроведеме, ќе се запознаеме со основите на агилните рамки: Scrum, Kanban и Design thinking, и нивната примена во HR цели, при водење проекти, регрутација, но и при севкупното секојдневно работење на HR тимот.

Последниот модул - Култура и лидерство, ги опфаќа можеби најкритичните предизвици на современите организации, а тоа се лошото лидерство и токсичната култура. Улогата на HR е да ги надмине овие предизвици, а нашите алатки и добри практики можат да помогнат тоа да се случи за многу кратко време. Ќе ги откриеме принципите на Менаџмент 3.0 како водечки модел на современо лидерство со фокус на вработениот, емпатично, услужно, агилно лидерство кое им е неопходно на вработените, особено во пост-Ковид периодот, за елиминирање на микроменаџирањето, лошата комуникација, недовербата, конфликтите и сите останати појави кои ги разоруваат организациите од внатре.

Ќе споделиме и бројни алатки како HR да ја водат промената, но не само на манаџерите, туку и на сите останати, со цел градење поголема жилавост кон промените кои надоаѓаат и градење на развоен мајндсет со голема склоност кон промени и прифаќање на истите.

Ќе ги опфатиме и моментално најтренд темите: различност, инклузивност и еднаквост, како императив на HR, при градењето на нови адаптибилни и посакувани организации. Ќе ја откриеме важноста на овие аспекти и како HR да ги имплементира и зајакнува.

Последната планирана тема е за организациската култура, вредностите, мајндсетот, уверувањата, смислата, целта, која HR треба успешно да ја развива и во услови на хибридноработење кога колегите не се заедно, но и со сите предизвици на новото време.

Целна група, пристап и сертификација

Овој тренинг е наменет за HR професионалци кои сакаат да развијат нови компетенции со кои ќе им помогнат на организациите да станат поагилни и адаптибилни на промени.

Тренингот е многу интерактивен, динамичен, напреден и сеопфатен. Работиме на хибриден принцип, т.е. сесиите се виртуелни и физички, водени од агилниот коуч Илија Попјанев, но и со повеќе други искусни HRM и лидери, како гости предавачи.


Сесиите се според предложениот календар на 1 и 2 Јуни 2023, во работно време, од 9.00 до 17.00 часот, а пред и по тренингот континуирано работиме на платформа за е-учење. Тренингот ќе се оддржи во Netawille, спроти ФЕИТ, Карпош 1, Скопје.

Во периодот пред и по тренингот, работиме на зададени задачи и проекти, со користење на платформа за е-учење на која се наоѓаат сите потребни работни материјали, алатки, видеа, организирани во помали тимови и парови, работите на конкретни студии на случај и правите експерименти, за стекнување искуство за креирање нови практики во вашите организации.

Во текот на месец Мај се планирани неколку онлине работилници со гости HR експерти, а планирана е и еднонеделна практична настава во компании каде ќе работите со искусни HR професионалци на реални случаи на регрутации, онбординг, креирање компетенции, програми за мотивација и ангажирање и сл.

Учесниците ќе работат на две студии на случај, ќе спроведат три експерименти и ќе сработат 2 тимски задачи. Вкупниот број на часови на кои активно ќе работат учесниците е 120 и опфаќа работа со инструктор, самостојно учење на теорија, HR практики, тимски експерименти, студии на случај и практична работа.

Воведниот вебинар на кој ќе се објасни целокупната динамика на работење, ќе се оддржи последната недела на Март, во термин кој дополнително ќе се одреди.

Тренингот е со дуална сертификација, од ICAgile се стекнувате со титула (ICP-AHR), која можете да ја додадете на вашиот LInkedIn профил, и која моментално е најценетата HR сертификација на светско ниво. Вториот сертификат го издава Менаџмент 3.0 за успешно завршување на академијата, при што и нивниот беџ можете да го споделите на LinkedIn.

Финансиска инвестиција и термини

Редовната цена за учество на тренингот со се вклучено е 799 евра. Постои можност за плаќање на 4 месечни рати. Можете да искористите цена за рана пријава од 699 евра до 15ти Мај 2023. Потоа цената до 1 Јуни 799 евра.

Постои и попуст за компании, и тоа за пријавени 2-4 вработени 10%, а за повеќе од 5 вработени следи 15% попуст. Плаќањето е на фактура со валута до 60 дена.

За пријава доволно е само да го пополнете формуларот и потоа ќе ве контактираме за да добиете попрецизни инструкции и пристап до платформата за учење.

Воедно можете да ме добиете и на: 070206383 или на: ilija.popjanev.mk@gmail.com или ilco@cms.com.mk

Бројот на места е лимитиран на 16, по принципот прв дојден - прв услужен.

Поздрав, Илија Попјанев

This is past event!
Thank you for the registration. Your registration has been sent to Ilija Popjanev. Ilija will contact you soon to provide more info on payment and other formalities. For further questions regarding this workshop please contact Ilija directly

Have you already heard about our Management 3.0 Community?

Become a member of the Management 3.0 Community to see behind the scenes and learn how other practitioners apply its principles and practices in the real world.

The Management 3.0 Community is a safe space to learn and practice with others, learn how others have successfully applied Management 3.0 in their actual work contexts and get support to apply your learnings to your leadership challenges.

More Info & Sign Up

Hey there! Can we help you?